Освен за гориво и патарини, ВАДЕКС Транспорт посредува при поврат на ДДВ и за сите правни лица кои што направиле било
каков деловен трошок во земјите на ЕУ, во било каква друга деловна сфера. Право на поврат на ДДВ од странство имаат сите
правни субјекти кои имаат регистрација за ДДВ во сопствената земја.
Листа на услуги

Во соработка со нашите партнери, ви нудиме информативна листа на услуги кои што подлежат на поврат на ДДВ:

• Хотелско сместување
• Ресторани
• Учество на конгреси, семинари и симпозиуми и слично
• Саемски изложби
• Обука на кадри
• Патарини
• Сметки од  гориво
• Рент-а-кар
• Такси услуги
• Поправка на превозни средства (камиони, автобуси, автомобили) и други видови на услуги
• Телекомуникациски услуги

Ова е само информативна листа на услуги. За набавки / услуги кои не се наведени на листата, не се исклучува можноста за
апликација, но со предходна консултација со нашиот партнер.
За подетален преглед по земја, по ДДВ за направена услуга, по тип на услуга, следете го линкот:
www.bhi.dk/default.asp?m=33


Цени / Провизии
Во зависност од земјата на аплицирање, провизиите кои што се наплатуваат можат да бидат како што се наведени подолу во
табелата, изразени во %:

Поврат на ДДВ од земјите на ЕУ за други видови набавки и услуги

Доколку горе наведената листа не ја содржи земјата од Ваш интерес, дополнително ќе Ве информираме за можноста и за
провизијата.
По 750,00 МКД по апликација се наплаќаат само во случај на одбивање на апликацијата. Овие средства служат за покривање
на основните трошоци поврзани со комуникацијата и апликативните такси.

Прикажаните цени / провизии не содржат 18% ДДВ. 


Потребна документација
Наша задача е подготовка на целокупната документација и аплицирање на износите,  без никакви трошоци од Ваша страна.

Комплетната апликација по земја, ги содржи следниве документи:
• ДДВ образец 21 - го издава Управата за Јавни Приходи
• Полномошно
• Формулари за аплицираните фактури
• Оргиналните фактури

Рок на извршување
Најчесто се применува следното правило: се извршува враќање само доколку барањето стигне до даночните власти во
предметната земја најдоцна до 30 јуни во тековната календарска година, за промет извршен во претходната година.

Апликацијата се спроведува веднаш по добивање на Ваша согласност. Повратот на ДДВ по апликација се движи од шест до 12
месеци, но не се исклучува можноста да трае и подолго, во зависност за која земја се аплицира, согласно тамошните
национални процедури. Мораме да напомене дека постои можност апликацијата да се одбие во целост или, пак, во дел,
проследено со писмено образложена причина. Во случај на одбивање на апликацијата, се наплаќа само износот  кој служи за
покривање на основните административни трошоци.

Начин на плаќање
За секоја завршена, односно реализирана апликација - повратен износ, наплатуваме соодветна провизија. Износот на
провизијата (наведен во Табелата погоре) зависи од земјата во која што се врши повратот на средствата, како и од износот
на самата апликација. По одобрување на апликацијата, односно по приемот на документ / одобрение, крајниот износ ќе биде
префрлен на Вашата сметка во рок од седум работни денови.

Начин на наплата на услугата
30 денови од доставување на фактура за извршената услуга.

За сите дополнителни информации околу видот / типот на услугите за кои што е овозможен повратот, како и за начинот на
спроведување на апликацијата или за било какви други информации поврзани со повратот, нашиот тим Ви стои на
располагање.
   Рефундиран износ
   во EUR
0-5.000
5.001-
10.000
10.001-
15.000
15.001-
20.000
20.001-
25.000
25.001-
30.000
30.001-
35.000
Над
35.000
    Belgium  fee %
10
10
8
8
7
7
5
5
    Denmark  fee %
10
10
8
8
7
7
5
5
    France  fee %
12
10
8
8
8
6
6
6
    Germany  fee %
10
10
8
8
8
7
5
5
    Slovenia  fee %
12
10
8
8
8
8
5
5
    Netherlands  fee %
10
10
8
8
7
7
5
5
    United Kingdom  fee %
10
10
10
8
8
6
5
5
    Austria  fee %
10
10
8
8
8
6
6
6
    Luxembourg  fee %
10
10
10
8
8
6
5
5
    Sweden  fee %
10
10
8
8
8
6
5
5
    Finland  fee %
10
10
8
8
8
8
6
6
    Czech Republic  fee %
18
16
16
14
12
10
8
8
    Poland  fee %
18
16
15
15
13
10
8
8
...Назад кон Почетна!